Агнез торта (полумесечинки)
Состојки
- 6 белки
- 200 гр путер
- 200 гр шеќер
- 180 гр брашно
- 200 гр мелен орев
- жолт дел
- 6 жолчки
- 150 гр шеќер
- 1 ванила
- чоколаден фил
- 150 гр млеко
- 200 гр шеќер
- 100 гр маргарин
- 100 гр црно чоколадо
- 200 гр мелен орев
Подготовка
Прво се матат белките.
На страна се мати путерот со шеќерот, па се соединува со белките и се додаваат брашното и мелените ореви. Лесно се промешува.
Смесата убаво се распоредува во намастен и посолен со брашно правоаголен плех и се печи 15 минути на 180 степени.
Од кога е испечена се става врз неа смеса. 6 жолчки се матат со шеќерот и ванилата и се истураат врз испеченото тесто.
Се враќа плехот уште 10 минути во релна.
На страна во тенџере на оган се растопуваат млекото, чоколадото и шеќерот да провријаат 2-3 минути.
Се лади, па се додава изматениот маргарин и оревите.
Оваа смеса се нанесува врз испеченото тесто и најгоре се посипува со мелено ореви.
Се остава торатат да се стегни, па се сечат полумесеќинки, со помош на метален обрач.
многу декоративно, а и вкусно.
Овој рецепт е стар сигурно 30 години, а може и повеќе .
Мојата мајка ги правеше овие колачи за имиња.