16
јул
2014
Коктел Vodka sunrise
Овој коктел ги носи боите на изгрејсонцето, па затоа и се вика вака. Изгледа убаво, а има и неверојатен вкус, па би сакала да го пробате.
Во висока чаша која може да е и обична, се налева водката, па сокот од портокали. Секогаш кога го спремам дома коктелот, користам свеж сок од портокал, така да ако ми е многу кисел сокот, додавам 1 лажичка шеќер. Промешуваме. Многу внимателно налеваме гренадин по рабовите на чашата, за тој да потоне и да се слее со останатите состојки. Украсуваме со парче овошје.
Лиценца: Сите права се задржани