12
јун
2012
Овошен рум коктел
Сега е баш времето да почнете да го приготвувате овој овошен коктел
Се започнува со јаготките, тие се најрани, па во некоја голема тегла (најмалку од 3 л) турете го румот, па почнете да го ставате овочјето.
Чаша јаготки, од истата чаша шеќер. Потоа продолжете со друго овошје.
Постапката трае се до септември кога ќе завршите со крушите и грозјето.
За цело време теглата чувајте ја на некое темно место, ако можете во фрижидер уште подобро.
Праските, кајсиите или крушите, исецкајте ги, останатото овошје цело се става.
Лиценца: Сите права се задржани
а ако ми се припие ред време? :) :) :) :)
јас бел рум не сум видела, само оној на бадел..класиката за рум што е :)
после секое ставање на чаша овошје се става чаша шеќер?
Tocno, stavas casa ovosje, casa seker, promesaj malku i taka po red...