Овошен рум коктел
Состојки
- 1 чаша јаготки, малинки, црешни, вишни, рибизли, боровинки, исецкана праска, кајсија
- 1 чаша шеќер (по една за секое овошје)
- 1 л бел рум
Подготовка
Сега е баш времето да почнете да го приготвувате овој овошен коктел
Се започнува со јаготките, тие се најрани, па во некоја голема тегла (најмалку од 3 л) турете го румот, па почнете да го ставате овочјето.
Чаша јаготки, од истата чаша шеќер. Потоа продолжете со друго овошје.
Постапката трае се до септември кога ќе завршите со крушите и грозјето.
За цело време теглата чувајте ја на некое темно место, ако можете во фрижидер уште подобро.
Праските, кајсиите или крушите, исецкајте ги, останатото овошје цело се става.