Видео рецепт: Совршени пилешки крилца
Фичо ќе го сподели неговиот омилен рецепт за совршени пилешки крилца, со зачини и маринада.
Подготовка
Чекор 1: Крилцата ставете ги во сад и зачинете ги со сол, бибер, ворчестер сос, малку кари, малку оригано, малку мускатно оревче, сенф во прав и маслиново масло.
Чекор 2: Во доматниот сос додадете го оцетот и зачините. Додајте го во крилцата и добро промешајте ги со раце, да ги примат сите состојки. Ако имате време, оставете ги неколку часа да ја впијат маринадата.
Чекор 3: Печете ги крилцата 25 минути на 200 степени без вентилатор. Потоа вклучете го вентилаторот додека да добијат боја по ваша желба, или уште околу 20 минути.
Чекор 4: Сервирајте!
СОВЕТ: За комплетен ручек, во тавата може да додадете полуварени компири. Зачините слободно прилагодете ги по ваша желба.
http://moirecepti.mk/post/%D0%BF%D0%B8%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%BD%D0%B8-%D0%BF%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D1%88%D0%BA%D0%B8-%D0%BA%D1%80%D0%B8%D0%BB%D1%86%D0%B0/