Бургии - совршени соленки за светско првенство во фудбал
Светското првенство во фудбал почна, па еве, освен пивото кое ќе биде редовно за секоја фудбалска утакмица, од мене имате предлог за брзи супер соленки. Многу лесни за правење, нема потреба од стасување, а особено вкусни.
1. Сите состојки за фил сомелете ги во сечко. На крајот додајте го ориганото и промешајте.
2. Квасецот со шеќерот и 1 лажица брашно, полијте го со млакото млеко и оставете го 10-тина минути да се активира.
3. Потоа додадете го во сите состојки кои се за тестото и замесете го. Смесата поделете ја на два дела и од секој дел расукајте идентични квадрати 35х35, со дебелина од 4 мм.
4. Првото расукано тесто намачкајте го со филот, па врз него ставете го второто тесто.
5. Вадете со нож или со сечило за пица (ребрасто), тенки ленти со ширина од 1 см, со должина по желба. Јас моите ленти ги делев на две половинки.
6. Секоја лента ја увртувате како бургија односно спирала. Ги редите на тавче обложено со хартија за печење.
7. Премачкајте ги со изматено јајце и наросете ги со сусам. Печете во загреана рерна на 200 степени, околу 20 минути.
Пријатен апетит и се надевам го збогатив натпреварувачкиот дух со овие грицкалки.
Лиценца: Сите права се задржани
па знаеш ли ти колку ќе треба да вежбам ако седнам со ванглата пред мене? (да не се лажеме, тањирче е за аматери) :) :) :) :)