Еве предлог за викенд појадок. Лични и вкусни пецива, налик на бургии, како што велат домашните.

Подготовка
1. Замесуваме тесто и го оставаме да се дуплира, да стаса.
2. За тоа време го топиме путерот, го ладиме малку и го мешаме со изренданото сирење или урда.
3. Тестото го делиме на две или три парчиња и секое го расукуваме во правоаголник. Премачкуваме од филот насекаде. Преклопуваме до половина, па уште еднаш го премачкуваме и пак преклопуваме. Треба да ни биде со дебелина од 1,5 см, а во должина околу 10-12 см, ама тоа е по желба и зависи од тоа колкава ќе ја расукаме кората.
4. Ги сечеме пирошките, ги виткаме како бургии и ги редиме во намрсена тава. Ги оставаме убаво да стасаат, па ги премачкуваме со изматено јајце, дел од филот и кисела павлака кои сме ги соединиле.
5. Посипуваме со сусам, ким, црно семе или по желба. Ги печеме во загреана рерна на 180 степени додека да поцрвенат или околу 25-30 минути.

Забелешка
Од оваа доза брашно која беше подготвена едно саботно утро за појадок, останаа само неколку кифлички.
Тестото откако ќе се испече е многу меко. Оставете ги убаво да стасаат пред печење. Како е времето топло, за 10-15 минути ќе стасаат.
Можете да си ги правите и само со бело брашно, јас сакам да мешам брашна, па постојано правам вакви комбинации.
Може и повеќе сирење да ставите, а може да си ги правите и со урда.
Можеби изгледаат како соленки бидејќи овој пат ги правев потенки, ама се подеднакво и вака вкусни. Можете да ги подготвите и подебелки. Кога ќе ги преклопувате не мора толку силно да поминувате со сукало.
Моето тесто се случува да го делам на четири дела, така ми е полесно за работа и ми излегуваат скоро сите еднакви и со иста должина.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани