Совршени коцки со путер од кикирики и карамел
Немам зборови колку е вкусен колачот, посебно за љубителите на кикирики и чоколадо. Преубав кремаст колач кој е лесен да се направи.
Се матат со вилушка јајцата и шеќерот. На страна се мешаат сувите состојки, а маргаринот и чоколадото се топат на пареа и се оставаат да се изладат. Се додаваат сувите состојки во јајцата. Се додава млаката вода и маргаринот со чоколадото, се меша додека не се добие хомогена смеса. Се става во подмачкано правоаголно тавче и се печи во загреана рерна на 180 степени 20 тина минути. Испеченото тесто се премачкува со тофи карамел (во мојот случај е купечки, но можете да си приготвите и домашен карамел). Се остава тестото потполно да се излади.
Во меѓувреме се приготвува филот.
Се мати пенасто маргаринот. Се додава путерот од кикирики, шеќерот во прав. Доколку е премногу густ филот може да се додаде неколку лажици млеко. Изладеното тесто се премачкува со филот, се става во фрижидер да се стегне.
Се приготвува ганашот. На оган се загрева слатката павлака. Се додава чоколадото за готвење, се меша додека потполно не се стопи. Со млакиот ганаш се прелива колачот и се остава да стои прво на собна температура, а потоа во фрижидер околу 1 час.
Шољата е 200мл.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови