Видео рецепт: Роловано пилешко со тиквички и кашкавал
Денес ќе готвиме заедно со Маја, готвач член на нашата веб-страница. Маја ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Роловано пилешко со тиквички и кашкавал.
Вкусен ролат од пилешки стек, полнет со фил од тиквички и кашкавал. За комплетен оброк, го дополнивме со сос од печурки, димено месо и зачини.
Подготовка
Чекор 1: Стековите исчукајте ги убаво од двете страни и зачинете ги.
За подготовка на филот најпрво исечкајте ги ситно тиквичката, кромидот месото и кашкавалот. Потоа пропржете ги во тава, за да се спојат вкусовите.
Чекор 2: Исечкајте бадеми и измешајте ги со презлата.
Секој стек наполнете го со филот, замотајте го и зацврстете го со помош на чепкалки. Потоа, извалкајте го во јајце, па во презлата со бадеми и наредете ги во тавата за печење. Печете ги 15 минути на 200 степени, па 15 минути на 180 степени.
Чекор 3: Додека месото се пече, пригответе го сосот. Печурките и дименото каре ситно исечкајте ги, запржете ги, па додадете ја павлаката за готвење. Промешајте и додадете ги зачините. Гответе го кратко додека да се згусне.
Чекор 4: Сервирајте го секое парче пилешки ролат на чинија, со сосот од страна.
СОВЕТ: Оваа комбинација на ролат од месо и сос се надополнува одлично, па сигурно ќе сакате да ја подготвите за вашиот семеен ручек.