Еве еден особено вкусен домашен специјалитет со пилешко и спанаќ.

1. Пилешкото месо исечете го на парчиња, кои ќе бидат доволно мали или пак со средна големина, за да ги обвиткаме со сланина. Зачинете го и ставете го во тава да се пропржи, додека да зарумени. Извадете го малку да се излади.
2. Потоа секое парче месо завиткајте го во лист сланина.
3. Спанаќот, исчистен кратко бланширајте го во солена вода. Јас така 2-3 пати, за да излезат оксалатите од него. Исцедете го и исечкајте го на ситно.
4. Вака подготвениот спанаќ внимателно го мешаме со ренданото сирење, лукчето (ситно исечкано, ако немате во прав) и зачини по вкус.
5. Во ватростален сад или некоја друга тава со капак , која сме ја намрсиле со масло, го истураме спанаќот. Го израмнуваме.
6. Јајцата и павлаката посебно ги матиме со вилушка и половина од оваа смеса истураме врз спанаќот.
7. Го редиме завитканото пилешко и го прелеваме со остатокот од смесата со јајца и павлака. Печеме во загреана рерна на 200 степени, додека да порумени.

Забелешка
Кога малку ќе се подизлади, прекрасно се сече... течноста од спанаќот испарува или е упиена во самите состојки. Јас го сликав веднаш штом го извадив од рерна.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани