Една опција како да подготвите роловано, на здрав начин, да речам, минимално се пржи, а максимално вкусно....

1. Пилешките стекови се расекуваат попречно, по должина, за да се отворат, со цел да се добие што поголема зафатнина и со нивно толчење со помош на дрвено чеканче, преку најлонска фолија, се танчат.
2. Така добиените парчиња на бело месо се премачкуваат со малку сенф, се зачинуваат со сол, мешан сув зачин, црна пипер и кари од двете страни. Се завиткуваат во ролат, секое посебно и се ставаат во сад, кој го покриваме со најлонска фолија и оставаме така приготвеното месо да отстои една ноќ во фрижидер...
3. На малку намрсено парче фолија (поголемо, бидејќи треба убаво да ги завиткаме во него ролованите) редиме 4-5 ленти на тенко исечената сланина. Во спротивен правец од редењето на сланината го ставаме пилешкото месо-отворено. На едниот крај ставаме парчиња од фетата. Краевите по должина малку ги свиткуваме кон внатре и со помош на фолијата, убаво, стегнато, виткаме ролат. Потоа ролатот убаво го завиткуваме во фолијата.
4.Така приготвените роловани ги ставаме да се варат во поголемо тенџере со зовриена вода околу 30 мин., со повремено превртување од двете страни. Откако ќе ги спуштиме во вода, водата треба да вари, но не силно, умерено и да бидат покриени со капак.
5. После изминатото потребно време, ги вадиме од водата, одвиткуваме од фолијата, ги цедиме убаво и ставаме на кратко да се пропржат на загреано масло, за сланината да порумени и биде повкусна....
Во прилог со нив можи да послужите ориз или пропржени стапчиња морков ( претходно сварени во солена вода)...
И на здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани