Леблебијата, двата вида грав и двата вида леќа покиснете ги посебно (значи во три различни тенџерчиња) најмалку преку ноќ. Откако ќе накиснат, сменете ја водата, налејте ладна вода и варете посебно додека не е скоро готово. Во тенџере издинстајте го кромидот (или празот), додадете го доматот, зачинете и додадете ги сите видови грав и леќа и варете уште 20-30 минути. Посужете со свеж праз, магдонос или младо кромидче..

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови