Испечати

Грав на поинаков начин

Грав на поинаков начин

Состојки

  • бел грав иста количина (на пример по 100 грама)
  • џиновски грав иста количина
  • црвена леќа иста количина
  • обична леќа иста количина
  • леблебија иста количина
  • свеж домат или салце 2-3 свежи или половина литар салца
  • кромид или праз 2-3 парчиња (зависно од количината)

Подготовка

Леблебијата, двата вида грав и двата вида леќа покиснете ги посебно (значи во три различни тенџерчиња) најмалку преку ноќ. Откако ќе накиснат, сменете ја водата, налејте ладна вода и варете посебно додека не е скоро готово. Во тенџере издинстајте го кромидот (или празот), додадете го доматот, зачинете и додадете ги сите видови грав и леќа и варете уште 20-30 минути. Посужете со свеж праз, магдонос или младо кромидче..