Видео рецепт: Роловано Су-Ви пилешко со зачини
Фичо ќе подготви роловано пилешко со зачини, готвено на ниска температура, на Су-Ви начин.
Подготовка
Чекор 1: Во мал лонец ставете вода и одржувајте ја на 85 степени.
Чекор 2: Пилешкиот стек, отворете го, прекријте го со фолија и истенчете го со чук.
Чекор 3: Лукот ситно исецкајте го, ставете го во помал сад, додадете сол и бибер, меленото семе од коријандер и мускатното оревче. Додадете и малку ситно сецкан рузмарин.
Чекор 4: Во мало тавче пропржете го рузмаринот со лукчето и прелејте го преку месото. Со зачините прекријте го пилешкото и наредете свеж копар.
Чекор 5: Замотајте го пилешкото и од двете страни убаво затворете го да не истекуваат течностите. Пилешкото треба да се приготвува во сопствените течности. Спуштете го во тенџерето со вода и нека се вари 20 минути.
Чекор 6: Сервирајте со декорација од нане, ротквица, рукола и копар.
СОВЕТ: Температурата не мора да биде точно 85 степени, но секако мора да внимавате да не зоврие водата.