Денес ќе готвиме заедно со Валентина, готвач член на нашата веб-страница. Валентина ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Питички од варено тесто.

Погачки направени од варено тесто слично на еклери, полнети со солен фил од сирење кашкавал и сланина. Ќе го задоволат вкусот и на најголемите гурмани!

Подготовка

Чекор 1: Во тенџере ставете го путерот, солта и шеќерот и ставете го на оган да зоврие. Кога ќе зоврие одеднаш ставете го брашното и енергично мешајте сè додека тестото се направи како топка. Тргнете го настрана убаво да се олади.

Чекор 2: Потоа со миксер, со жиците за тесто матете го и додавајте ги јајцата едно по едно. Јајцата ставајте ги едно по едно и матете сè додека да се соедини во тестото. Исто како кога се приготвува тесто за еклери, само треба да биде малку потврдо.

Чекор 3: Сирењето изрендајте го и измешајте го со јајцето. Кашкавалот и сланината исечете ги на парчиња.

Тестото е лепливо, затоа за да го расукате, и на подлогата и врз тестото посипете повеќе брашно.

Чекор 4: Сечете квадрати, нам ни излегоа 16 парчиња. Краевите мачкајте ги со разматено јајце. Ставете од филот со сирењето, сланина и кашкавал. Затворете за да добиете триаголник, а може и правоаголник.

Со помош на четка, нежно поминете преку тестото за да го отстраните вишокот на брашно. Премачкајте го секое парче со разматено јајце и посипете со микс од сечкани семиња.

Чекор 5: Печете во загреана рерна на 200 степени, која нема да ја отворате, 30 минути или додека убаво заруменат.

Оставете ги да се изладат неколку минути, па сервирајте.

СОВЕТ: Ви препорачуваме да го пробате овој несекојдневен солен рецепт, одлична промена во однос на класичните пецива од киснато тесто.