
Видео рецепт: Потпечени Тестенини Карбонара
Еве една новина во подготвувањето на класичен италијански оброк – Потпечени тестенини Карбонара. Прво ги вариме тестенините, па потоа ги ставаме во сосот и ги печеме како пита. Во Делимано Ростер тавата оваа пита ќе добие крцкава кора.
Состојки
- 400 гр. тестенини машнички
 - 2 чешниња лук
 - 8 парчиња сланина
 - 5 јајца
 - 300 мл. павлака за готвење
 - 3 млади кромитчиња
 - 120 гр. пармезан
 
Ќе ви треба и:
- Маслиново масло, сол и бибер
 
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Тава за пржење, Длабок сад со рачки и Ростер.
Подготовка
Чекор 1: Прво варете ги тестенините во солена вода додека да се сварат околу 80-90%.
Чекор 2: Исечкајте ги лукот и сланината и пропржете ги во маслиново масло за да се ослободи вкусот и да излезе маснотијата од сланината.
Чекор 3: Ситно исечкајте го кромидот, исцедете ги тестенините и ставете ги во Ростер тавата. Додадете ги сланината и лукот.
Чекор 4: Во меѓувреме изматете ги јајцата и додадете ја павлаката и пармезанот. Со оваа смеса прелијте ги тестенините. Доколку сакате можете да додадете и повеќе пармезан. Печете 10 минути на 180 степени или додека горниот дел не стане крцкав.
СОВЕТ: Печените тестенини послужете ги во чинија како пита и украсете со исечкан магдонос – парче од ова јадење можете да однесете следниот ден и на работа.




















