Потпечени тестенини со зеленчук
Во сад запржете го кромидот. Зачинете го со сол, мајчина душичка и црн бибер. Во 600мл растворена зеленчукова коцка за супа, сварете ги тестенините. Запржете ги заедно со кромидот. Додадете им неутрална павлака и промешајте. Корнишоните исецкајте ги на коцки. Печурките исцедете гиод саламурата ако се од конзерва, а ако се свежи тогаш веднаш после кромидот запржете ги. Ако се саламурни, исцедете ги и исецкајте ги. Заедно со корнишоните ставете ги во садот на оган и промешајте. Попржете ги така заедно, па пред да ги ставате да се потпечат, скршете им јајца и полејте ги со бело вино. Промешајте и ставете да се печат. Откако јајцата ќе се испечат, а површината ќе добие руменкаста боја, вадете ја тавата од рерна. Служете со рендано тврдо сирење, пармезан... На здравје