Во сад запржете го кромидот. Зачинете го со сол, мајчина душичка и црн бибер.
Во 600мл растворена зеленчукова коцка за супа, сварете ги тестенините. Запржете ги заедно со кромидот. Додадете им неутрална павлака и промешајте.
Корнишоните исецкајте ги на коцки. Печурките исцедете гиод саламурата ако се од конзерва, а ако се свежи тогаш веднаш после кромидот запржете ги. Ако се саламурни, исцедете ги и исецкајте ги. Заедно со корнишоните ставете ги во садот на оган и промешајте.
Попржете ги така заедно, па пред да ги ставате да се потпечат, скршете им јајца и полејте ги со бело вино. Промешајте и ставете да се печат.
Откако јајцата ќе се испечат, а површината ќе добие руменкаста боја, вадете ја тавата од рерна. Служете со рендано тврдо сирење, пармезан...
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови