Подготовка
Овие тестенини имаат супер богат вкус кој ќе ве заинтересира и сигурно нема да ве остави рамнодушни бидејќи може да ги комбинирате како сакате и да уживате во богатиот вкус на ова јадење.
Фил
1. Најпрво кромидот исецкајте го на коцки и ставете го во тенџере на оган да се пржи. Додајте 4 лажици масло, 1 кафено лажиче сол и еден филџан вода оставете да се пржи се додека да омекне кромидот, постепено промешајте и додавајте по малку вода се додека да омекне.
2. Пиперката исечкајте ја на коцки и додајте ја во тенџерето со кромидот. Оставете да се пржи уште 3 минути и додајте го меленото месо. Мешајте постојано се додека меленото месо да се испржи. Додајте го мешаниот зачин, ориганото, златниот микс и малку бибер.
3. На крај во тенџерето додајте го доматниот сос и неутралната павлака и оставете го да динста на среден оган уште 15 минути со повремено промешување.
4. Откако ќе завршите со подготовка на сосот ставете ја водата за тестенините на оган, додајте ја солта и маслото оставете да почне да врие. Откако ќе почне да врие ставете ги макароните.
5. Макароните варете ги 20 минути со привремено промешување. Откако ќе се сварат тргнете го садот од оган и исцедете ја течноста од нив.
6. Плехот број 32 намсрете го со маргарин. Половина од филот ставете го во плехот. Потоа по краевите ставете два реда од долгите макарони (како на дополнителната фотографија бр 2/5-6 )и кога ќе завршете со двата реда преостанатите макарони ставете ги на средината (фотограгија бр 2/7 ). Над целата површина на макароните распоредете го со лажица преостанатиот фил, распоредете го и претходно изренданиот кашкавал и на крај парчињата кашкавал за тост исечете ги на 4 и наредете ги на целата површина.
7. Плехот со макароните ставете го во претходно загреана рерна од 200С- 20 минути. Откако ќе се испечат извадете ги и оставете ги да се оладат и сервирајте. Добар Апетит.

Забелешка
Значи овие макарони може да ги подгответе и со некој друг зеленчук. Пример можеби вие не обожавате пиперка или златен микс па може да ги замените со некој друг зеленчук или воопшто да не ги додавате. Јас пиперката што ја ставив ми беше од замрзнувач.
Подготовката на макароните може да ја видите и на дополнителните фотографии.
Убаво би било ако имате време откако ќе се испечат да ги оставете малку повеќе време да отстојат за макароните кога ќе ги сервирате да излезат како што се редени, но бидејќи мене ми се брзаше ги извадив веднаш и ги сервирав, но се разбира вкусот и е исти, но формата не, но доколку ги оставите макароните испаѓаат многу убави.
За декорација јас искористив ситно исечкан млад кромид.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани