Што би правеле без леб? Тој е навистина прекрасен прехрамбен производ и има главна улога во секоја култура во светот. Релативно е лесен за правење и правењето леб е активност која многу смирува и Ви дава време да размислите и да се осврнете на тоа што Ви се случува во животот.

Преземи го рецептот во PDF

Состојки

  • 900 грама бело брашно
  • 450 милилитри топла вода
  • 3 кафени лажички шеќер
  • 3 кафени лажички квасец
  • 1 супена лажица сол
  • 100 грама црни маслинки
  • 100 грама зелени маслинки
  • сол и бибер
  • маслиново масло

Вид на оброк: Појадок
Комплексност: Средно
Лица: 6
Време на подготовка: 1-2 часа

Подготовка

Чекор 1: Време е за сецкање: Овде користиме мешавина од зелени и црни маслинки. Тоа ни дава различни бои и различни вкусови. Малите црни маслинки имаат овошен вкус и се сочни. Зелените маслинки се малку горчливи што ни дава различни нијанси на вкус низ целото тесто.

Чекор 2: Ставете ги шеќерот, квасецот и маслиновото масло во водата, измешајте и оставете ја смесата да отстои најмалку 5 минути. Тоа ќе му помогне на квасецот да се активира.

Чекор 3: Земете голем сад и во него ставете 900 грама брашно и 1 супена лажица сол. Направете дупка во средината и во неа сипете ја смесата со активираниот квасец. Мешајте ја смесата, ставајќи ги и маслинките и превртете го тестото на работната маса. Убаво измесете 5-6 минути додека да добиете мазно тесто кое лесно се контролира. Ставете го во сад намачкан со масло, покријте го и оставете го на топло место 1 час да стасува.

Чекор 4: По 1 час извадете го, измесете го кратко и оставете го да стасува уште 30 минути.

Чекор 5: Пред да го ставите тестото во рерна, покријте го во тавата со маслиново масло и семе од сусам. Ставете го во рерна на 150 степени 45 минути. Ова е голема векна и потребно и е доста време да се испече одвнатре.

Чекор 6: Време е за сервирање: Кога ќе го извадите лебот од рерна, оставете го да се излади и потоа исечете го и сервирајте го со убаво парче путер.

СОВЕТ: Лебот со маслинки е класичен Италијански рецепт кој можете да го испечете во рерна, па дури и во фурна во дворот. Зошто во тестото да не ставите и домати супени на сонце или свежи билки. Овој леб е тоооолку вкусен што ќе морате да внимавате да не го изедете пред да дојдат гостите!

Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Ростер
Ростер