Видео рецепт: Кумановски Препеќ
Денес ќе готвиме заедно со Теофанија, готвач член на нашата веб-страница. Теофанија ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Кумановски Препеќ.
Кумановски Препеќ е сукана пита со фил од урда и јајца, стар бабин рецепт од северниот дел на Македонија.
Подготовка
Чекор 1: Од состојките за тесто, замесете средно меко тесто. Поделете го на 5 идентични топчиња и едно два пати поголемо од другите. Оставете ги десетина минути да се одморат.
За подготвка на филот, промешајте јајцата и урдата.
Чекор 2: Најголемото топче го расукајте го, премачкајте го со масло, преклопете го како плик, па повторно расукајте го. Така три пати, со тоа што при секое расукување набрашнувате. На крај расукајте го во округла кора.
Чекор 3: Во Делимано тавата за пица постелете го кругот од тесто да виси од страните. Попрскајте го со масло и ставете од филот.
Потоа расукајте едно од топчињата тесто со големина колку тавата и ставете го врз првиот слој, попрскајте го со масло и со фил. Повторете ја постапката со сите топчиња.
Чекор 4: На последното тесто ставете фил и масло само од надворешната страна на кругот. Потоа земете го делот од тестото што виси над тавчето и покријте го тестото со него.
Чекор 5: Изматете едно јајце со една лажица масло – нам ни се погоди со 2 жолчки. Премачкајте го и наросете со сусам. Оставете да стаса околу 15 минути. Печете во загреана рерна, 10 минути на 220 степени и 10 минути на 200 степени.
Чекор 6: Сервирајте со павлака, јогурт или кисело млеко. Добар апетит!
СОВЕТ: Ова е навистина вкусен рецепт кој вреди да го пробате. Старите бабини рецепти се секогаш пречекани со воодушевување!