Поздрав до сите!
Јас пастрмајлијата ја сакам како и мојата фамилија, но секогаш сакам нешто да изменам. Не бегам многу од темата, но ете само сакам да ,,за биберам'' и да додадам нешто по мој вкус.

Месото го спремам еден ден порано го зачинувам со црвен пипер, бибер, оригано и ким, малку сусам и го ставам во фрижидер. Тестото се замесува со квасец, шеќер, сол, зејтин и млеко.
Го стасуваме и кога ќе стаса се расукуваат пастрмајките и се полнат со месо.
На половина печење се сипува врз нив предходно изматени три јајца со козјото сирење. Страните на тестото се мачкаат со јајце и малку зејтин и се посипуваат со сусам и ким.
Се надевам дека ќе ви се допадне....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани