Пастрмајлија на Кумановски начин
Состојки
- 500гр брашно
- 1/2милилитри млеко
- 1 лажица сол
- 1 квасец
- 200грама козјо сирење
- 3 јајца
- 500кг свинско ситно сецкано месо
- 50гр сусам
- 5гр ким
- 2 лажици шеќер
- 1фил. зејтин
- 1/2 лажица оригано
- 1/2 лажица црвен пипер
- 1/2 лажица бибер
Подготовка
Поздрав до сите!
Јас пастрмајлијата ја сакам како и мојата фамилија, но секогаш сакам нешто да изменам. Не бегам многу од темата, но ете само сакам да ,,за биберам'' и да додадам нешто по мој вкус.
Месото го спремам еден ден порано го зачинувам со црвен пипер, бибер, оригано и ким, малку сусам и го ставам во фрижидер. Тестото се замесува со квасец, шеќер, сол, зејтин и млеко.
Го стасуваме и кога ќе стаса се расукуваат пастрмајките и се полнат со месо.
На половина печење се сипува врз нив предходно изматени три јајца со козјото сирење. Страните на тестото се мачкаат со јајце и малку зејтин и се посипуваат со сусам и ким.
Се надевам дека ќе ви се допадне....