Видео рецепт: Колачи од лимон со фил од јагоди
Фичо ќе подготви освежителни сендвич колачи од лимон, со фил од крем сирење и јагоди. Совршени за детските забави!
Подготовка
Чекор 1: Рерната загрејте ја на 175 степени.
Чекор 2: Во миксерот ставете го путерот и шеќерот и матете додека не се соединат. Кога структурата ќе стане кремаста, додадете ја кората од лимон и сокот, пецивото, екстрактот од ванила, екстрактот од лимон и жолтата боја. Мешајте додека убаво да се спојат состојките.
Чекор 3: Додадете ги јајцата едно по едно. Потоа додадете го брашното и продолжете да мешате на средна брзина.
Чекор 4: Ставете ги колачињата на тавата за печење со помош на лажица и печете 8 минути. Испечени оставете ги целосно да се оладат.
Чекор 5: За приготвување на филот ставете ги сите состојки во миксер и убаво соединете ги.
Чекор 6: Спојте ги колачите со филот и сервирајте.
СОВЕТ: Доколку не сакате, не мора да додавате прехрамбена боја, но ние ставивме за подекоративен изглед.
п.с видеото сеуште не ми е изгледано:) морав да ја искоментирам фотографијата:)
Ти благодариме и ви препорачуваме да го пробате овој интересен десерт.
Обавезно ќе ги пробаме.