Видео рецепт: Колачи од лимон со фил од јагоди
Состојки
- За ТЕСТО ќе ви треба (1 шолја=240 гр.):
- 1 шолја (175 гр.) путер
- 1 + 1/4 шолја (250 гр.) шеќер
- 1 лимон
- 1 +1/2 лажичка (1/2 пакување) прашок за печиво
- 1/2 лажичка ванила екстракт
- 1/2 лажичка лимон екстракт
- малку жолта боја
- 2 јајца
- 2 +1/3 шолји (300 гр.) брашно
- За ФИЛ ќе ви треба:
- 2 раце јагоди
- 1/2 шолја (75 гр.) путер
- 225 гр. крем сирење
- 2 шолји шеќер во прав
- 1 лажичка ванила екстракт
- 1/2 лажичка екстракт од јагоди
- малку црвена боја
Фичо ќе подготви освежителни сендвич колачи од лимон, со фил од крем сирење и јагоди. Совршени за детските забави!
Подготовка
Чекор 1: Рерната загрејте ја на 175 степени.
Чекор 2: Во миксерот ставете го путерот и шеќерот и матете додека не се соединат. Кога структурата ќе стане кремаста, додадете ја кората од лимон и сокот, пецивото, екстрактот од ванила, екстрактот од лимон и жолтата боја. Мешајте додека убаво да се спојат состојките.
Чекор 3: Додадете ги јајцата едно по едно. Потоа додадете го брашното и продолжете да мешате на средна брзина.
Чекор 4: Ставете ги колачињата на тавата за печење со помош на лажица и печете 8 минути. Испечени оставете ги целосно да се оладат.
Чекор 5: За приготвување на филот ставете ги сите состојки во миксер и убаво соединете ги.
Чекор 6: Спојте ги колачите со филот и сервирајте.
СОВЕТ: Доколку не сакате, не мора да додавате прехрамбена боја, но ние ставивме за подекоративен изглед.