Keftedes, ќофте на кипарски начин
Има многу варијанти на спремање на ќебапи или ќофтиња. Ова сега прикажаново е кефтадес или грчко ќофте, ама спремено на кипарски начин. Додатоците со него се моја идеја, која ми ја сакаат домашните, а одлично се вклопи со целокупниот ручек.
Подготовка на ќофте
Кромидот, магдоносот и лукот ситно ги сечкаме. Компирот го лупиме и го рендаме, го оставаме за кратко да пушти сок. Го стискаме со раце да ја исцедиме вишокот течност од него, па го мешаме со сите состојки за ќофтето. Оваа смеса со компирот треба веднаш да се пржи, затоа што може компирот да потемни. Правиме мали топчиња со околу 3-4 см пречник и ги пржиме во масло, на умерена температура, така да пливаат во него.
Подготовка на плескавици од компир
Компирот го вариме, го лупиме, пасираме и мешаме со останатите состојки. Правиме плескавици кои ги валкаме во сусам и ги пржиме во масло на умерена температура.
Подготовка на преливот
Празот ситно го сечкаме и го мешаме со останатите состојки. Со него ги прелеваме ќофтињата.
Лиценца: Сите права се задржани
Не го сакаат кај мене палмовото масло воопшто.
Преубаво се, комплет цел ручек ми се допаѓа :)