Испечати

Keftedes, ќофте на кипарски начин

Keftedes, ќофте на кипарски начин

Состојки

  • За ќофте
  • 500 гр мелено месо
  • 1 поголем компир
  • 3-4 чешниња лук
  • 1 главица кромид
  • 1 младо кромитче
  • магдонос неколку листа
  • 1 јајце
  • 1 кришка леб без корка
  • 1 лажица презла
  • прстофат, сол, бибер, буковец
  • масло за пржење, најчесто користам палмово
  • За плескавици од компир
  • 500 гр компир
  • 50 мл млеко
  • 50 гр путер
  • 150 гр брашно
  • 100 гр сусам
  • масло за пржење
  • За прелив
  • 1/3 страк од праз
  • 2 лажици мајонез
  • 2 лажици кисела павлака
  • сол, бибер, копар по вкус

Подготовка

Има многу варијанти на спремање на ќебапи или ќофтиња. Ова сега прикажаново е кефтадес или грчко ќофте, ама спремено на кипарски начин. Додатоците со него се моја идеја, која ми ја сакаат домашните, а одлично се вклопи со целокупниот ручек.

Подготовка на ќофте
Кромидот, магдоносот и лукот ситно ги сечкаме. Компирот го лупиме и го рендаме, го оставаме за кратко да пушти сок. Го стискаме со раце да ја исцедиме вишокот течност од него, па го мешаме со сите состојки за ќофтето. Оваа смеса со компирот треба веднаш да се пржи, затоа што може компирот да потемни. Правиме мали топчиња со околу 3-4 см пречник и ги пржиме во масло, на умерена температура, така да пливаат во него.

Подготовка на плескавици од компир
Компирот го вариме, го лупиме, пасираме и мешаме со останатите состојки. Правиме плескавици кои ги валкаме во сусам и ги пржиме во масло на умерена температура.

Подготовка на преливот
Празот ситно го сечкаме и го мешаме со останатите состојки. Со него ги прелеваме ќофтињата.