Подготовка на ќофтињата
1. Сите состојки заедно се мешаат, се замесуваат и се формираат мали топчиња-ќофтиња
2. На малку масло се пропржуваат малку ќофтињата и се тргаат во чинија на страна
3. Се процедува маслото за јадење и во него се пропржува ситно сецканото кромидче со ренданиот морков, па ова подоцна се додава во кашата

Подготовка на кашата
1. Брашното се става во едно тенџере без масло и се пропржува додека зарумени
2. Откако ќе зарумени во него се додава ладна вода, околу 3 л и со жица за матење се размешува да нема грутчиња
3. Се додава во кашата кечапот или сосот од домати
4. Се зачинува кашата
5. Се додава во неа пропржениот кромид и ќофтињата
6. Се додава на крај и ситно сечканиот магдонос
7. Се вари околу 30-40 минути
Пријатен апетит !

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани