Ќофте на македонски начин
Состојки
- За ќофтињата
- 200 гр мелено месо (мешавина од свинско и телешко мелено месо)
- 3-4 лажици ориз
- 1 главиче кромид
- 1 морков
- 1 жолчка од јајце
- малку магдонос
- 2 лажици мешан зачин
- 1 лажиче сол
- малку црн бибер
- За кашичката
- 8-9 лажици брашно
- 1 мало главиче кромид
- 1 морков
- 100-150 мл сос од домати или кечап
- малку магдонос
- 3 л вода
- малку јадра сол
- малку мешан зачин
Подготовка
Подготовка на ќофтињата
1. Сите состојки заедно се мешаат, се замесуваат и се формираат мали топчиња-ќофтиња
2. На малку масло се пропржуваат малку ќофтињата и се тргаат во чинија на страна
3. Се процедува маслото за јадење и во него се пропржува ситно сецканото кромидче со ренданиот морков, па ова подоцна се додава во кашата
Подготовка на кашата
1. Брашното се става во едно тенџере без масло и се пропржува додека зарумени
2. Откако ќе зарумени во него се додава ладна вода, околу 3 л и со жица за матење се размешува да нема грутчиња
3. Се додава во кашата кечапот или сосот од домати
4. Се зачинува кашата
5. Се додава во неа пропржениот кромид и ќофтињата
6. Се додава на крај и ситно сечканиот магдонос
7. Се вари околу 30-40 минути
Пријатен апетит !