Видео рецепт: Чоколаден Куглоф со кафе
За нашиот јубилеј, 500 Видео рецепти, ќе ве почестиме раскошен Чоколаден Куглоф со кафе, подготвен од Фичо. Уживајте!
Подготовка
Чекор 1: Во сад за матење просејте ги брашното, прашокот за пециво, какаото и циметот.
Чекор 2: Во друг сад изматете ги јајцата и постепено додавајте го шеќерот. Намалете ја брзината на миксерот и додајте го млекото, маслото и раствореното инстант кафе. Соединете ги двете смеси и додадете малку рум, две лажички ванила, сецканото чоколадо и брусницата.
Чекор 3: Калапот за куглоф ставете го врз плитка плех тава, премачкајте го со путер и истурете ја смесата. Печете во загреана рерна на 200 степени 15 минути, па намалете на 180 уште 15 минути.
Чекор 4: Додека се пече Куглофот, на пареа растопете 100 грама темно чоколадо, додадете 50 милилитри слатка павлака за готвење. Убаво промешајте да се соедини смесата. Повторете и со бело чоколадо.
Чекор 5: Печениот и оладен Куглоф декорирајте го со преливот и кршените лешници.
СОВЕТ: Сервирајте парче и послужете го со вкусно кафе, па уживајте во опуштените кафе муабети.
Kuglofot poveke od dobar:)
ако, ако, ќе сакаш да јадеш ти од тоа што јас го готвам ШИПКИ БАТКА ШИПКИ!!!! (му покажува шипки со палци) :) :) :) :)
супер е рецептов. го гледавме со младунче заедно. се заљуби на 2.5 години детето. сакала фичо да го гледа. имаше и урлање по дома.
ПУЧИ ФИЧО ЃЕДАМ
пробав друг рецепт да ѝ пуштам, не сакаше. итрица мала :) :) :) :)
тетки и чичковци од мои рецепти, да ви се множат и родендените и јубилеите и среќите и убавините, да сте среќни со нас и ние со вас <3
п.с. Следно снимање, идам и јас...Не може бе само вие така слатко да се паѓате од смеење, па споделете:)))))