Сочен чоколаден Куглоф
Поради неодоливиот облик кој се добива во силиконскиот калап и едноставното подготвување, Куглофот зазема видно место во мојата кујна. Сочен кудлоф кој е идеален за со попладневното, јас го нарекувам ритуално кафе. Уживајте!!!
Подготовка.
1. Путерот и јајцата извадете ги од фрижидерот барем 1 час пред да го правите колачот за да дојдат на собна температура (многу поубаво се матат).
2. Во подлабок сад изматете го путерот со шеќерот. Откако смесата ќе се изедначи, додадете ги жолчките (една по една) со постојано матење, додадете го брашното и прашокот за пециво.
3. Откако се добро ќе се измати и ќе се добие изедначена смеса, додадете го чоколадото кое претходно сте го растопиле на пареа. Измешајте убаво.
4. Во посебен сад матете ги белките додека не добиете цврста пена . Во текот на матењето додадете неколку зрнца сол за да ја направите пената подобра.
5. Измешајте ги заедно двете смеси во подлабок сад. Мешајте со лажица (никако со миксер), со користење на нежни, кружни движења (за да не ви падне пената).
6. Силиконскиот калап премачкајтего со путер и сипете ја готовата смеса.
7. Печете во загреана рерна на 180 степени, 30 минути а потоа уште 10 минути со изгасена рерна.
8. Изладениот куглоф извадете го од калапот и прелијте го со фиџанот млеко и рум.Премачкајте го со мармалад и стопената чоколада.
Добар апетит!!!
Лиценца: Сите права се задржани