Видео рецепт: Чоколаден Куглоф со кафе
Состојки
- За ТЕСТО ќе ви треба:
- 300 гр. брашно
- 1 прашок за пециво
- 2 лажици какао
- цимет по вкус
- 4 јајца
- 15 лажици шеќер
- 1 шолја млеко
- 125 мл. масло
- 60 мл. млака вода
- 2 лажички инстант кафе
- 85 гр. темно чоколадо
- 2 лажички ванила
- малку рум
- една рака сува брусница
- За ДЕКОРАЦИЈА ќе ви треба:
- 200 гр. темно чоколадо
- 200 гр. бело чоколадо
- 100 мл. слатка павлака
- 100 гр. дробени лешници
За нашиот јубилеј, 500 Видео рецепти, ќе ве почестиме раскошен Чоколаден Куглоф со кафе, подготвен од Фичо. Уживајте!
Подготовка
Чекор 1: Во сад за матење просејте ги брашното, прашокот за пециво, какаото и циметот.
Чекор 2: Во друг сад изматете ги јајцата и постепено додавајте го шеќерот. Намалете ја брзината на миксерот и додајте го млекото, маслото и раствореното инстант кафе. Соединете ги двете смеси и додадете малку рум, две лажички ванила, сецканото чоколадо и брусницата.
Чекор 3: Калапот за куглоф ставете го врз плитка плех тава, премачкајте го со путер и истурете ја смесата. Печете во загреана рерна на 200 степени 15 минути, па намалете на 180 уште 15 минути.
Чекор 4: Додека се пече Куглофот, на пареа растопете 100 грама темно чоколадо, додадете 50 милилитри слатка павлака за готвење. Убаво промешајте да се соедини смесата. Повторете и со бело чоколадо.
Чекор 5: Печениот и оладен Куглоф декорирајте го со преливот и кршените лешници.
СОВЕТ: Сервирајте парче и послужете го со вкусно кафе, па уживајте во опуштените кафе муабети.