Блади бери(Bloody berry)- Јубилеен 500ти рецепт
Полека но сигурно ете стасав до мојот јубилеен 500 ти рецепт. Се радувам на секој јубилеј, како на прв. Се радувам што постои страната на МР кое го чуствувам како дел од семејството кое во текот на денот морам да ја отворам страната да ѕирнам што има ново овде - тука и сега. Се радувам што сум овде со Вас.
Оваа торта е лесна, воздушна со сочен бисквит, кој е прекриен со нежен фил од црвено овошје со мирис на пенест ванила крем.
1. Сувите состојќи се соединуваат и се просејуваат. Во посебен сад се матат јајцата, млекото, маслото, ванилата. Во смесата наизменично се додаваат сувите состојки.
2. Смесата се дели на 3 дела.Секоја дел се става во калап со хартија и се пече на 180 С - 20мин.(jас печев одеднаш како едно тесто но подолго време околу 40мин и го поделив на 3 дела).
3. Овошен фил- Овошјето се става со шеќерот да се истопи и ќе се добие вкупно околу 700мл. Се става 10 лажици вода помешани со густинот и се вари заедно со овошјето.Во топлиот фил се додава путерот се меша и се остава да олади.
4. Ванила крем- Во сад се става млекото и шеќерот и се вари пудингот. Се остава да олади. Потоа се додава путерот и се миксира со постепено додавање на двете кесички шлаг. Се мати да се добие пенеста смеса од кремот.
5. Калапот бр.26 се обложува со фолија и се почнува со филување. Бисквит, половина ванила крем, 1/3 овошен фил, па бисквит, половина фил, 1/3 овошен фил, на крај бисквит и ванила крем. Се остава да олади 5 саати. Тортата е многу висока, корите се ептен сочни и не треба да се натопуваат, и филовите се спој на ванила со овошје кое плени на секое залче.
Пријатно.
Лиценца: Сите права се задржани
Veruvam deka tortava e vkusna.
Uzivaj vo tvojot den
Pozzz
Рецептов е прекрасен и необичен, сигурна сум дека сте уживале во убавиот вкус на тората...
Ми се допадна.Честитки за твојот јубилеј,за бројката која не е мала. Браво,се дружиме и понатаму.
Тортата прекрасна на изглед, верувам и на вкус.
Поздрав
Поздрав и уживај во овој твој ден!
Cestitki i neka se mnozat.
Ти честитам за 500-тиов јубилеј, а тортава ми се допадна многу!
Јас можам да претпоставам според твоите досегашни домаќински рецепти, дека имаш уште доста да ни претставиш од твојот арсенал на рецепти кои со драго срце ни ги споделуваш.
Ти посакувам уште многу јубилеи :)
импресивно е за колку брзо време стигна до нов јубилеј. Навикнати сме од професионалец како тебе да видиме прекрасно дело и вистинско слатко гастрономско задоволство.
Можеме само да кажеме едно големо БРАВО, и да ти ветиме дека во прва прилика ќе го пробаме овој твој рецепт.
Ти благодариме за твоите 500 рецепти и ти го подаруваме најновиот Nutribullet 5-делен сет со црна боја. Честитки!
СО оваа брзина знаеме дека ќе стигнеш уште поголеми бројки, а сите ние секако ќе бидеме тука да ти честитаме и да се насладуваме на твоите ремек дела.
Тимот на МоиРецепти