Блади бери(Bloody berry)- Јубилеен 500ти рецепт
Состојки
- Чоколаден бисквит
- 300 гр брашно
- 100 гр какао
- 300 гр шеќер
- 6 гр пециво (1,5 лажиче)
- 15 гр сода бикарбона (2 лажичиња)
- прстофат сол
- 250 мл млеко
- 1 ванила
- 125 мл масло
- 250 мл врела вода
- 3 јајца
- Нежен овошен фил
- 600 гр смрзнато овошје
- 70 гр густин
- 150 гр шеќер
- 50 гр путер
- Пенест ванила крем
- 1 литар млеко
- 150 гр шеќер
- 2 ванила
- 3 пудинг од ванила
- 125 гр путер (на собна температура)
- 2 кесички прав за шлаг
Подготовка
Полека но сигурно ете стасав до мојот јубилеен 500 ти рецепт. Се радувам на секој јубилеј, како на прв. Се радувам што постои страната на МР кое го чуствувам како дел од семејството кое во текот на денот морам да ја отворам страната да ѕирнам што има ново овде - тука и сега. Се радувам што сум овде со Вас.
Оваа торта е лесна, воздушна со сочен бисквит, кој е прекриен со нежен фил од црвено овошје со мирис на пенест ванила крем.
1. Сувите состојќи се соединуваат и се просејуваат. Во посебен сад се матат јајцата, млекото, маслото, ванилата. Во смесата наизменично се додаваат сувите состојки.
2. Смесата се дели на 3 дела.Секоја дел се става во калап со хартија и се пече на 180 С - 20мин.(jас печев одеднаш како едно тесто но подолго време околу 40мин и го поделив на 3 дела).
3. Овошен фил- Овошјето се става со шеќерот да се истопи и ќе се добие вкупно околу 700мл. Се става 10 лажици вода помешани со густинот и се вари заедно со овошјето.Во топлиот фил се додава путерот се меша и се остава да олади.
4. Ванила крем- Во сад се става млекото и шеќерот и се вари пудингот. Се остава да олади. Потоа се додава путерот и се миксира со постепено додавање на двете кесички шлаг. Се мати да се добие пенеста смеса од кремот.
5. Калапот бр.26 се обложува со фолија и се почнува со филување. Бисквит, половина ванила крем, 1/3 овошен фил, па бисквит, половина фил, 1/3 овошен фил, на крај бисквит и ванила крем. Се остава да олади 5 саати. Тортата е многу висока, корите се ептен сочни и не треба да се натопуваат, и филовите се спој на ванила со овошје кое плени на секое залче.
Пријатно.