Најпрвин го ставаме гравот да се вари во вода по потреба со малку сол.

Кромидот го сецкаме и додаваме во тава со масло морковот го рендаме го додаваме кај кромидот и попржуваме да омекнат ги додаваме излупени и исецкани домати ги попржуваме и нив малко.
Смесата ја префрлуваме во сад за блендирање, додаваме од течноста во која е варен гравот,  отприлика една чаша и блендираме да се изедначи смесата.

Во изблендираната смеса го додаваме крем сирењето и мешаме со лажица да се соедини со смесата.

Содржината од кесичката од фант ја сипуваме во сад и ја додаваме млаката вода оставаме неколку минути да отстои. Ја додаваме содржината во меленото месо, убаво измесуваме и со влажна рака формираме ќофтиња.

Во тава со малку масло ги пржиме ќофтињата и кога се готови ги вадиме во чинија. Во маслото во кое се пржеа ќофтињата ја додаваме блендираната смеса да повари малку. Ги додаваме ќофтињата и варениот грав, зачинуваме по вкус, вариме уште малку до саканата густина.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови