Ќофтиња со грав и крем сирење
Состојки
- потребно за ќофтиња
- 500 гр мешано мелено месо
- 1 ќесичка фант за ќофтиња
- 100 мл млака вода
- потребно за сосот
- 150 гр грав
- 1 поголем морков
- 1 главица кромид
- 2 домати
- 100 гр крем сирење
- по потреба масло
- по потреба зачин
Подготовка
Најпрвин го ставаме гравот да се вари во вода по потреба со малку сол.
Кромидот го сецкаме и додаваме во тава со масло морковот го рендаме го додаваме кај кромидот и попржуваме да омекнат ги додаваме излупени и исецкани домати ги попржуваме и нив малко.
Смесата ја префрлуваме во сад за блендирање, додаваме од течноста во која е варен гравот, отприлика една чаша и блендираме да се изедначи смесата.
Во изблендираната смеса го додаваме крем сирењето и мешаме со лажица да се соедини со смесата.
Содржината од кесичката од фант ја сипуваме во сад и ја додаваме млаката вода оставаме неколку минути да отстои. Ја додаваме содржината во меленото месо, убаво измесуваме и со влажна рака формираме ќофтиња.
Во тава со малку масло ги пржиме ќофтињата и кога се готови ги вадиме во чинија. Во маслото во кое се пржеа ќофтињата ја додаваме блендираната смеса да повари малку. Ги додаваме ќофтињата и варениот грав, зачинуваме по вкус, вариме уште малку до саканата густина.