29
ное
2014
Ќофтиња од ослич
Рибата исечете ја на помали парчиња и ставете ја блендер. Блендирајте ја да се направи мазна смеса. Потоа префрлете ја во сад
Лебот ставете го во малку вода да се натопи и омекне. Потоа убаво исцедете го од водата и додајте го во рибата.
Додајте го кашкавалот, јајцето, магдоносот, лукчето, зачините и измесете ја смесата да се соедини.
Со навлажнети раце направете ќофтиња, помали или поголеми како ќе сакате и извалајте ги во брашно или во презла.
Пржете ги во загреано масло на умерен оган.
Послужете ги топли со прилог од ориз, компир, салата и сл.
Мојот прилог беше пире од компир и спанаќ од пастел.
Лиценца: Сите права се задржани
http://moirecepti.mk/post/%D0%BF%D0%BB%D0%B5%D1%81%D0%BA%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D1%86%D0%B8-%D0%BE%D0%B4-%D1%80%D0%B8%D0%B1%D0%B0-%D0%BE%D1%81%D0%BB%D0%B8%D1%87
Inaku odlicni se i zaedno so pireto:)