Испечати

Ќофтиња од ослич

Ќофтиња од ослич

Состојки

  • 650 гр филети од ослиќ
  • 1 парче(80гр) леб
  • 60 гр ситно рендан кашкавал
  • 1 мало јајце
  • 2 лажици ситно сецкан магдонос
  • 1/4 лажиче мајчина душичка
  • 1 чешне протиснат лук
  • по потреба сол и црн пипер
  • по потреба масло за пржење и брашно за валање на ќофтињата

Подготовка

Рибата исечете ја на помали парчиња и ставете ја блендер. Блендирајте ја да се направи мазна смеса. Потоа префрлете ја во сад
Лебот ставете го во малку вода да се натопи и омекне. Потоа убаво исцедете го од водата и додајте го во рибата.
Додајте го кашкавалот, јајцето, магдоносот, лукчето, зачините и измесете ја смесата да се соедини.
Со навлажнети раце направете ќофтиња, помали или поголеми како ќе сакате и извалајте ги во брашно или во презла.
Пржете ги во загреано масло на умерен оган.
Послужете ги топли со прилог од ориз, компир, салата и сл.
Мојот прилог беше пире од компир и спанаќ од пастел.