Шпански ветер
Тортава си ја правам почесто, лесна, а особено вкусна. По некој пат кога немам лешници, знам да ја направам и само со ореви....Исто така вкусна...
Прво го правам филот за да има време убаво да се излади.
1. Млекото го ставаме да почне да врие. Во еден сад убаво ги мешаме жолчките, пудинзите, шеќерот и густинот, со околу 100 мл од литарот млеко (додека е ладно). Смесата ја ставаме во млекото со постојано мешање со рачна маталка, за да се направи убав густ крем кој го ставаме убаво да се излади. Кога ќе се излади ги додаваме чоколадото, оревите и лешниците.
2. Белките со шеќерот ги матиме со миксер додека не станат цврсти како шлаг. Го додаваме брашното и мешаме со миксерот кој ни е вклучен на најмала брзина.
3. На хартија за печење во четвртаст плех ја истураме смесата и печеме на температура од 170 степени. Печено е кога ќе го втиснеме со прст, да се враќа на место како сунѓер.
4. Ја вадиме хартијата и го ставаме испечениот пандишпан од белки, па ја мачкаме со половина од филот, па редиме еден ред бисквити, па повторно фил. Врвот од тортата го украсуваме со шлаг.
Лиценца: Сите права се задржани
И јас во тетратката имам еден рецепт Шпански ветер,но поинаков.Имав еден обид кога ветрот ми се претвори во ураган и од тогаш,не пробав уште еднаш да ја направам тортата.Можеби сега и дошло време,ако ништо друго сум малку поискусна во готвењето :)