Шкотски јајца со сос од тревки
Шкотските јајца најчесто се служат како мезе (снек), а исто така погодни се за на излет бидејќи може да се служат и ладни. Јас овојпат ги спремив за ручек, во комбинација со варени компири и сос од тревки.
Меленото месо ставете го во еден подлабок сад. Кромидот изрендајте го и заедно со јајцето и презлата додадето го во месото. Посолете, побиберете и измешајте убаво. Оставете го во фрижидер околу 10-тина минути.
За тоа време измијте ги компирите и ставете ги да се варат. Останатите (6) јајца ставете ги исто така да се варат. Кога ќе бидат готови излупете ги и оставете да се оладат.
Месото поделете го на шест еднакви дела. Секој дел расплескајте го на раката, ставете го свареното јаце во средина и обвиткајте го со меленото месо. Со дланките формирајте топки. Секоја од нив најпрво извалкајте ја во брашно, па во јајце и на крај во презла. Пржете ги во врело масло и при пржењето со помош на лажица тркалајте ги за да се задржи формата. Ставајте ги на кујнска хартија за да се впие вишокот на маснотија.
За сосот, брашното испржете го на малку масло. Додадете го постепено млекото и мешајте со жица за матење. Откако ќе се згусни, ставете ја инстант супата и тревките. Убаво промешајте и додадете го лимоновиот сок (околу половина лажиче).
Сварените компири излупете ги и посолете ги.
Послужете топло со чаша ладно пиво.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани
Nemase uslovi podobro da slikam.... Fala ti za ubaviot recept
Ti blagodaram sto go isproba receptov, neka vi e na zdravje! :)