20
јан
2015
Чоколадни штангли врз лист обланда
Многу вкусни чоколадни штангли.
Во мала касерола на оган да се соединат 2-3 минути се ставаат млекото, шеќерот, путерот и чоколадото.
Се трга од оган и се додаваат мелените ореви и бисквити.
Убаво се промешува да се соедини.
Уште топлата маса убаво се распоредува на една половина лист обланда.
Убаво се израмнува и врз смесата се нанесуваат оревите и брусницата и нежно се притиска за малку да се залепат.
Потоа над пареа се растопуваат чоколадото, путерот и млекото и се прелива колачот.
Нека одстои на ладно 2-3 часа па се сече на штангли.
Лиценца: Сите права се задржани