Чоколадни, но со вкус на портокал
 
-Во касеролата ставете ја павлаката, додадете рендана кора од портокалот, ставете на шпоретот и загревајте ја до точка на вирење, тргнете настрана и нека одстои околу 10-15 мин. за да може кората да ја испушти својата арома.
- Повторно вратете на шпоретот, додадете го путерот и чоколадата, нека се целото тоа стопи и спои во еднолична смеса. Тргнете, додадете го сокот од портокалот и оставете да се потполно олади.
- Во оладената смеса додадете ги сомелените наполитанки. Измесете ја смесата добро и формирајте ги формите. Глазирајте ги со глазурата која сте ја спремиле откако на пареа сте ставиле да се стопи чоколадото заедно со зејтинот.
Совет
Од оваа смеса не велам дека мора да бидат стапчиња, полесно и побргу ќе направите бомбици. Вие одберете сами што ќе направите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани