Испечете 4 пандишпан во плехче 30х25 см. од состојките, на вообичаен начин.

Одделете ги белките, изматете ги во цврст снег со шеќер, додадете ги жолчките, соединете.
Додајте го брашното и пецивото и измешајте со лажица. Испечете ги на хартија за печење околу 10 мин. на 180 степени.

Фил
Сварете го пудингот со шеќерот и изладете го.
Маргаринот пенасто изматете го и додајте го сварениот пудинг и стопената чоколада (на пареа или на тивок оган),убаво соединете.
Во сад изматете ја цврсто шлаг пената и додадете ја во садот со пудингот, убаво соединете се.
Филот поделете го на три или четири дела и филувајте ги корите.Украсете со изматена слатка павлака или по ваша желба. Оставете околу 1 час да се стегне потоа сечете штангли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови