
14
апр
2014
Чоколаден пудинг од просо (посно)
Овој вегански рецепт го најдов на интернет, ми се допадна и го направив.
1. Просото го покриваме со вода околу два прста над него и го вариме на тивко 10-15 минути. Го тргаме на страна да се излади.
2. Потоа го ставаме во сечко или блендер заедно со сите други состојки (излупените банани и портокал, какаото, урмите и засладувач). Откако ќе се добие убава изблендирана мешавина го сервираме во мали тањирчиња.
Просто и едноставно, а вкусно!
Лиценца: Сите права се задржани