1. Се става просото да се вари со водата, на тивко некои 10 минути со постојано промешување.
2. Млекото во прав го раствораме во 200 мл вода и го додаваме при крај на варењето на просото.
3. Мешаме и додаваме шеќер и ванила екстракт.
4. Го доваруваме пудингот и потоа го ставаме во блендер заедно со куркумата.
5. Блендираме и го распоредуваме во тањирчиња.

Забелешка
Можете со било кое посно млеко да го направите. Куркумата не му го смени многу вкусот, а јас ја додадов најповеќе заради убавата жолта боја што ја добива пудингот, иако од просото исто така е жолто. Пудингот се вари како кога правиме сутлијаш, на таков начин, па калкулирајте со вода, со шеќер, ако сакате поблаго да ви биде итн. Кога еднаш ќе го пробате, особено ако постите ќе посакате пак да го направите.

Пријатно сладење!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани