Пудинг од просо
Просото скоро сите не асоцира на солени рецепти, но јас еве во уште еден десерт го употребувам. На прв поглед несекојдневен и необичен десерт, но вкусен и кремаст. Здрав десерт кој доколку е добро изблендиран сигурна сум дека тие што ќе го пробаат нема да погодат од што е направен. Вреди да го пробате =))
1. Просото го миеме со ладна вода и го цедиме. Го ставаме во длабоко тенџере на оган, ја додаваме водата и го вариме на средна температура со повремено мешање да не загори. Готово е кога водата ќе испари. Го тргаме од оган. Ги додаваме во просото бананата, урмите, какаото и маџунот. Со рачен блендер ја блендираме смесата да се добие хомогена смеса, да се соединат сите состојки и да се изблендира просото. Го додаваме стопеното темно чоколадо и повторно блендираме.
2. Послужуваме додека е топло, декорираме со парчиња банана и растопено темно чоколадо. Може да се служи и ладно, подеднакво е вкусно.
*зависно од желбата за благо, може да додадете повеќе маџун или темно чоколадо, нас вака ни беше доволно благо
*шолјата е со големина од 250мл
Лиценца: Сите права се задржани