Испечати

Чоколаден пудинг од просо (посно)

Чоколаден пудинг од просо (посно)

Состојки

  • 2 шољи просо
  • 2 банани
  • 1 портокал
  • 4-5 урми
  • 2 лажички какао
  • мед или некој друг засладувач, агаве сируп, кафеав шеќер по вкус
  • цимет, брусница и лешници или кокосово брашно, како декорација и по вкус

Подготовка

Овој вегански рецепт го најдов на интернет, ми се допадна и го направив.

1. Просото го покриваме со вода околу два прста над него и го вариме на тивко 10-15 минути. Го тргаме на страна да се излади.
2. Потоа го ставаме во сечко или блендер заедно со сите други состојки (излупените банани и портокал, какаото, урмите и засладувач). Откако ќе се добие убава изблендирана мешавина го сервираме во мали тањирчиња.

Просто и едноставно, а вкусно!