За сите кои го сакаат вкусот на чајната ете една салата која одлично прилега на свечена трпеза јас сама ја обликував во бомбици, а вам како ви е по желба. Еден ден претходно од припремата чајната се става во замрзнувач нареден ден...излупена се ренда на ситната страна од ренде. Настрана се ,,гмечи,, фетата се ставаат павлаката и урдата, смесата да се изедначи, се додава мајонез и индиските оревчиња мелени, со тоа е готова основата на оваа салата. Се става ренданата чајна. Натаму можно е да додавате зачини по вкус или било кои додатоци кои вам ви се допаѓаат...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови