21
јан
2015
Чајна салата
За сите кои го сакаат вкусот на чајната ете една салата која одлично прилега на свечена трпеза јас сама ја обликував во бомбици, а вам како ви е по желба. Еден ден претходно од припремата чајната се става во замрзнувач нареден ден...излупена се ренда на ситната страна од ренде. Настрана се ,,гмечи,, фетата се ставаат павлаката и урдата, смесата да се изедначи, се додава мајонез и индиските оревчиња мелени, со тоа е готова основата на оваа салата. Се става ренданата чајна. Натаму можно е да додавате зачини по вкус или било кои додатоци кои вам ви се допаѓаат...
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Ме интересира дали убаво се ренда чајната или пак ќе треба са се вложи повеќе труд околу тоа, зошто другиот дел ми се гледа едноставен за спремање...