Чајна салата
Состојки
- 300гр. чајна (1 црево)
- 200гр. фета сирење
- 200гр. несолена урда
- 200гр. кисела павлака
- 100гр. мајонез
- 100гр. индиски оревчиња
Подготовка
За сите кои го сакаат вкусот на чајната ете една салата која одлично прилега на свечена трпеза јас сама ја обликував во бомбици, а вам како ви е по желба. Еден ден претходно од припремата чајната се става во замрзнувач нареден ден...излупена се ренда на ситната страна од ренде. Настрана се ,,гмечи,, фетата се ставаат павлаката и урдата, смесата да се изедначи, се додава мајонез и индиските оревчиња мелени, со тоа е готова основата на оваа салата. Се става ренданата чајна. Натаму можно е да додавате зачини по вкус или било кои додатоци кои вам ви се допаѓаат...